3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo кое може да им се спротивстави на суперавтомобилите

Volvo кое може да им се спротивстави на суперавтомобилите

vo s60

Одделението „Volvo Polestar Racing“ го претстави моделот „S60“ со мотор од 650 ks, кој ќе се натпреварува во „V8 Supercars“ шампионатот.

Автомобилот е придвижуван од 5.0-литарски „V8“ мотор со 650 ks (478 kW) и 660 Nm максимален вртежен момент. Моторот врти и до 7.500 o/min и му овозможува на автомобилот тежок 1.410 kg oд 0 дo 100 km/h да забрза за само 3.2 секунди, пред ги достигне максималните 298 km/h.

vo s601

Снагата се пренесува на задната осовина со помош на шестстепениот секвенцијален менувач.

За спречување на 650-те „коња“ употребени се сопирачки со вентилирани дискови со пречник од 395 mm на предните, односно 355 mm нa задните тркала.

Автомобилот со своите тркачки можности за прв пат ќе ги прикаже денеска на патеката во Сиднеј, Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП