ПочетнаКОМПАНИИПриходот на челниците на Гаспром поголем за 67 проценти

Приходот на челниците на Гаспром поголем за 67 проценти

gazpromm

Вкупната сума на приходите на челниците на управниот одбор на Гаспром, во 2013 година, достигнала до 1,78 милијарди рубљи (37 милиони евра), што е за 67 проценти повеќе отколку во 2012 година.

Според податоците на компанијата, вкупната заработка на члeновите на управниот одбор е зголемена од 473 милиони рубљи на 814 милиони рубљи, што е 72 проценти. Збирот на премии истовремено е зголемен од 423 милиони на 715,5 милиони рубљи, односно 69 проценти, пренесува „Итар тас“.

Управниот одбор на „Гаспром“ има 17 членови, на чело со Алексеј Милер.

Компанијата минатата година ги зголеми приходите од извозот на гас за 6,7 проценти, на 67 милијарди долари, објави претходно „Итар тас“, врз основа на податоците на Федеративната царинска служба.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП