24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто е тајната на успешните луѓе

Што е тајната на успешните луѓе

uspehluge1

Во светот има многу успешни луѓе, но до успехот патот е долг и поплочен со работа и дисциплина.

На успешните луѓе не им е лесно. Можеби имаат пари, многу пари или моќ да одлучуваат, можеби создаваат дела кои ќе се паметат, а заедничко им е тоа што без прекин се борат до своите крајни граници за да успеат во својата цел.

Теорија. Пракса. Теорија. Пракса. Успешните луѓе читаат, гледаат, слушаат. Многумина од нив се насочени кон праксата и во примената на тоа што го научиле. Велат дека тој однос треба да биде 30 : 70, односно 30 проценти од времето да го посветуваат на теорија, а преостанатите 70 проценти од времето на примената на она што го научиле.

Уште една одлика на успешните луѓе е тоа што тие никогаш не престануваат да работат. Имаат примери кои ги инспирираат и им даваат сила да продолжат понатаму.

Сепак, и тие се само луѓе, а ова е тајната на нивниот успех. Спиењето во попладневните часови е ритуал за повеќемина од нив. Не само ритуал туку и алат кој им помага да го дадат својот максимум. Многумина велат дека попладневната дремка е стероид за мозокот.

Уште една од тајните е во пишувањето на дневник. Можеби на многумина ќе им звучи наивно, но сите успешни луѓе водат дневници каде запишуваат што направиле тој ден, што се обиделе да направат, каде погрешиле. Дневникот е нешто како мапа, збирка на информации во која лесно го следат својот напредок. Ваквите белешки се непроценлив моќен алат кој ги води до крајната цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП