29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска не се откажува од еврото

Полска не се откажува од еврото

polskapolwww2

Воведувањето на заедничката европска валута останува цел на Полска, но земјата сега со нешто помал ентузијазам се стреми кон тоа, рече гувернерот на Полска, Марек Бељка.

Тој за интервју на „Итар тас“, потсети дека Полска „на себе презема одговорност да го воведе еврото, што е дефинирано со спогодбата за пристапување на Европската унија, но не е прецизирано кога“.

Бељка додаде дека за воведување на еврото во Полска е потребно да се промени Уставот, за што е потребно мнозинство во парламентот, кое моментално го нема.

„Суштината на европските интеграции е токму во зоната на еврото“, истакна полскиот гувернер и објасни дека „оној кој се наоѓа надвор од неа, едноставно ги нема на вид можностите за донесување на одлуки. А Полска е амбициозна и сака да го зајакне своето влијание на одлуките во ЕУ“, нагласи Бељка.

„Во последно време земја како Романија, со доволно голема економија, најави дека до 2018 година сака да биде во еворзоната. Чесите, кои секогаш биле скептични кон еврото, сега велат, дека еврото е нивна цел. Ако сите околу влезат во еврозоната, би било срамота да останеме надвор“, вели полскиот гувернер.

Полските власти одлучија да ги чекаат наредните парламентарни избори во 2015 година и новата влада да се позанимава со воведувањето на еврото. Еврото е официјална валута во 18 земји на ЕУ- Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Ирска, Шпанија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Финска, Франција, Естонија, Кипар и Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП