7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Bugatti дури кога ќе се продадат преостанатите 40 примероци на Veyron

Новиот Bugatti дури кога ќе се продадат преостанатите 40 примероци на Veyron

pro bugatti veyron

Од „Bugatti“ досега не се жалеа за продажбата на „Veyron“. Oд планираните 450 возила, продадени се 410 примероци. Меѓутоа, овој производител сега се брза што побрзо да ги продаде преостанатите автомобили за да може да се фокусира на развојот на нови модели.

Се проценува дека 40-те примроци на „Veyron“ кои се уште ги чекаат своите купувачи вредат 62.5 милиони евра, што е значајна сума на пари. Се со цел да ја забраза нивната продажба, „Bugatti“ во САД организираше „Dynamic Drive Experience“.

Низ оваа програма кој се одржува за време на викнедите, „Bugatti“ на потенцијалните купувачи на „Veyron“ им овозможува да го тестираат автомобилот, како на јавните патишта, така и на затворена патека. Од компанијата велат дека во текот на еден викенд автомобилот го тестираат во просек 20 до 25 заинтересирани клиенти.

„Bugatti“ очекува на тој начин да ја забрза продажбата на преостанатите примероци, а тие се надеваат дека тие ќе бидат продадени во следните 12 месеци.

„Новиот модел секако нема да биде претставен додека не се продадат сите преостанати примероци на „Veyron“, oбјаснува директорот за продажба на „Bugatti“ во САД, Џон Хил.

„Дури и тоа да се случи во предвидениот рок од една година, неверувам дека веднаш по тоа ќе биде претставен новиот модел“, вели тој. Тоа значи дека „Bugatti“ еден период ќе биде авто-компанија без ниту еден модел во гамата.

„Bugatti“ до 2011-та ги распродаде сите 300 купе примероци на „Veyron“. Oд 150 понудени кабриолети на купувачите им преостанаа уште 40, а станува збор за верзиите „Grand Sport“ и „Grand Sport Vitesse“ кои чинат 1.4, односно 1.7  милиони евра по автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП