3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle очекува тешка 2014-та година

Nestle очекува тешка 2014-та година

nestle godina

Водечката светска прехрамбена компанија „Nestle“ очекува тешка деловна 2014-та година, како што беше и претходната, поради ерозијата на цените во Европа и забавената побарувачка.

Поради влошените надворешни околности, компанијата оствари помал раст од очекуваниот кој достигна 4.6 проценти. Предвидениот раст на продажбата беше од пет до шест проценти.

„Минатата година беше тешка, а ништо подобри не се очекувањата во поглед на финансиската 2014-та. Нашата моментална прогноза е раст на продажбата од околу пет проценти и нешто подобра ситуација во поглед на маржата“, соопштија претставниците на компанијата.

Нето-профитот на „Nestle“ во 2013-та изнесуваше 8.2 милијарди евра, што е под очекуваните 10.69 милијарди евра. Компанијата минатата година оствари промет од 92.3 милијарди швајцарски франци.

Растот на продажбата во земјите во развој во кој остваруваат 44 проценти од вкупниот промент на компанијата, минатата година изнесуваше 9.3 отсто. Во Европа цената на производите на „Nestle“ минатата година продолжија да паѓаат што го поништи остварениот раст на продажбата. Во Америка е остварен раст на продажбата од пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП