4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар ја укинува контролата над капиталот

Кипар ја укинува контролата над капиталот

kipar8

Гувернерот на централната банка на Кипар, Паникос Деметријадис, очекува ограничувањата на трансферот и подигнувањето на пари од банките во земјата да бидат укинати до крајот на годината.

„Можеби не сите, но ограничувањата на движењето на капиталот на Кипар веројатно ќе бидат укинати во наредните неколку недели“, изјави Деметријадис, пренесува агенцијата АП.

Според неговите зборови, укинувањето на сите ограничувања ќе зависи од целосното враќање на довербата во банкарскиот систем на земјата, како и од владиниот напредок во спроведувањето на реформите наметнати во рамките на меѓународната програма за помош.

Овие ограничувања се воведени со цел да се спречи одливот на капитал од банките, откако Кипар во март минатата година доби пакет помош од меѓународните кредитори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП