4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежната оператива на нови пазари

Градежната оператива на нови пазари

gradeznici-aktivnosti-stranstvo

Индија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија и Либија се новите пазари за градежната оператива на Македонија, која имала и зголемен обем на извршените градежни работи во Франција, Холандија, Србија и Германија.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, минатата година договорени се градежни работи во странство во вкупна вредност од 5.207.960 илјади денари што е за 0,7 проценти помалку во споредба со истиот период 2012 година.

Во периодот од јануари до декември лани, градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.997.546 илјади денари што е за 119,3 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП