3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Yaris го слави 15-тиот роденден

Toyota Yaris го слави 15-тиот роденден

yaris 1

„Toyota“ во 1999-та година започна со производство на својот нов мал модел, кој во март истата година пристигна и до европските купувачи. Наскоро ќе навршат петнаесет години од лансирањето на „Yaris“, a oвој автомобил досега во Европа е продаден во преку 3 милиони примероци.

Кога пред крајот на минатиот век на купувачите требаше да им се понуди нов автомобил од „B“ сегментот, „Toyota“ наместо да продолжи во континуитет со моделот „Starlet“, кој во различни верзии се наоѓаше на патиштата уште од 1973-та година, одлучи да претстави целосно ново возило.

yaris 2

Така настана „Yaris“, како модел со нов идентитет и автомобил за 21-виот век.

Три генерации подоцна, во јули 2013-та, „Yaris“ прослави јубилеј, продажбата во Европа достигнала три милиони примероци.

Автомобилот уште од самиот почеток беше усовршен, а низ трите генерации освои и многу награди. Некои од нив се наградите за Мотор на годината 1999-та и 2000-та година за 1.0, односно 1.3-литарскиот „VVT-i“ агрегат.

yaris 3

На овие награди се надоврза и Европски автомобил на годината во 2000-та и најбезбеден мал автомобил, титула која ја доделува „EuroNCAP“.

„Yaris“ беше и првиот автомобил во сегментот опремен со комплетен навигациски систем, што во 2004-та беше резервирано само за многу поголемите и поскапите автомобили.

По успехот на првата генерација, новиот модел пристигна во 2005-та година. Задржани беа „гените“ на оргиналниот „Yaris“, но во фокусот беа подобрената флексибилна кабина и најновата технологија. Овој модел го имаше системот на „Toyotа“ – „Easy Flat“ за преклопување на седиштата, првото воздушно перниче за колена и системот за притисок на копче.

yaris 4

Од производната лента во 2012-та година се појави и првиот „Yaris“ со хибриден погон. Прв во својот сегмент, хибриниот систем кој беше вграден во „Yaris“ комбинираше 1.5-литарски „VVT-i“ бензински мотор и електромотор, поради што има и најмала емисија на СО2 во класата.

„Yaris“ во 2013-та стана вистински глобален автомобил, затоа што таа година почна да се извезува и во Северна Америка.

Овој автомобил од почетокот се произведува во фабриката на „Toyotа“ во Франција, близу Валенсиен. Во овој погон од 2014-та ќе биде воведена и трета смена со 500 нови работници, за да може да се одговори на големата побарувачка. Растот на побарувачката, особено за моделот „Yaris Hybrid“, доведе до тоа „Toyota“ да го зголеми производниот план за 2014-та за 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП