2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јануари намалени трошоците на живот

Во јануари намалени трошоците на живот

troshocizivot1

– Трошоците на живот во јануари се намалени за 0,1 процент, а цените на мало зголемени за 0,2 проценти во однос на декември минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалувањето на трошоците на живот е резултат на пониските индекси на јајцата за 2,5 проценти, чоколадните производи за 1,3 проценти, овошјето за 1,2 проценти, лебот и житариците за 0,7 проценти, рибата и шеќерот за 0,5 проценти, кондиторските производи за 0,4 проценти и свежото млеко за 0,2 проценти.

Во јануари намалување на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 4,9 отсто, стаклените садови, кујнски прибор и друга опрема за домаќинствата за 3,9 отсто, обувките за 3,8 отсто, услугите за сместување за 2,5 отсто, апаратите за домаќинстата за 0,9 отсто, облеката за 0,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,5 отсто и резервни делови и опрема за сопствен превоз за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан кај зеленчукот за 1,4, киселото млеко за 0,7, конзервираната риба за 0,5, сувото овошје и други  прехранбени производи за 0,4 и преработките од млеко за 0,3 проценти.

Пораст има и кај авионскиот превоз на патници за 4,4 проценти, фармацевтските производи за 3, пијалаците во рестораните и хотелите за 1,5, здравствените услуги за 1,2, исхрана во рестораните и хотелите за 0,8, услуги во патниот сообраќај за 0,7, гасот за домаќинстата за 0,6 и течните горива и мазива за 0,2 проценти.

Во споредба со јануари 2013 година, трошоците на живот се зголемени за 0,9 проценти, а цените на мало бележат пораст од 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП