2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Прилеп се исплаќаат субвенциите за тутунот

Во Прилеп се исплаќаат субвенциите за тутунот

tutun2223

– Во Прилеп интензивно се врши испралатата на субвенциите за тутунот. Од Тутунска и од Охридска банка информираат дека субвенции од 60 денари за килограм откупен тутун се исплаќаат за тутунот предаден во „Алијанса“ од Кавадарци“, „Сокотаб“ од Битола, прилепскиот тутунски комбинат и за тутунот откупен од „Струмица Табак“ преку Охридска банка.

– Конинуирано стигнуваат парите за субвенциите за тутунот на сметките на кооперантите, вели Илија Мургоски раководител на филијалата на Тутунска банка во Прилеп. Тутунарите велат дека поддршката од државата е добредојдена, навремена и делумно ја амортизира ситуацијата со пониските откупни цени по класи што им ги даваат откупните компании.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнуваат дека поддршката од 60 денари за килограм тутун континуирано ќе им се исплаќа на тутунарите.

Во меѓувреме откупот на тутунот влегува во завршница. Според Државниот земјоделски инспекторат до 10 ти февруари се откупени 23.508 тони тутун по просечна цена од 156 денари за килограм. Реколтата тутун се проценува на околу 30.000 тони.

– Прилепскиот тутунски комбинат интензивно откупуваше тутун и во викендите според договорот со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Досега се откупени веќе 90 насто од планираните количества од преку 3.000 тони. Остануваат уште десеттина проценти кои ќе се откупат наредниве денови, изјави Жаклина Зојческа, раководител од одделот за откуп при прилепскиот Тутунски комбинат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП