3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежниците со поповолна оценка за состојбата во претпријатијата

Градежниците со поповолна оценка за состојбата во претпријатијата

gradeznici 020

Раководителите на градежните правни субјекти ја оценуваат економската состојба на претпријатијата во четвртото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на четврото од 2012 година, објави Државниот завод за статистика.

Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а подобра во споредба со четвртото тримесечје од претходната година. Очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се понеповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата е над нормалата.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат конкуренцијата во сопствениот сектор со 15 отсто, немање побарувачка со 14,2 отсто, зголемените трошоци за материјали со 13,7 отсто и зголемените финансиски трошоци(камати) со 12,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП