– Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје минатата година е намалено за 12,6 проценти во споредба со истиот период во 2012 година.
Според статистичките податоци објавени денеска, намалување на шумското производство е забележано кај трупци од иглолисните видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови и кај огревното дрво од листопадните и иглолисните видови.
Зголемување на шумското производство има кај трупците и рудничкото дрво од листопадните видови, како и кај просторното дрво од иглолисни видови.