20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗакроени виновите лози во винаријата „Сковин“

Закроени виновите лози во винаријата „Сковин“

loziloz1

– Со традиционалното закројување на виновите лози во винарската визба „Сковин“ во Скопје денеска е одбележан празникот на лозарите Св. Трифун.

Се верува дека со закројувањето на лозите родот ќе биде богат и ќе се произведе добро вино.

– Интенцијата на нашата винарија е зголемување на сопствените површини под лозови насади поради подобра контрола на производството на грозје, а со тоа и на самото производство на вино, изјави Јани Ќука, раководител на одделот за лозарство во винаријата.

Тој напоменува дека винската култура почнува да заживува кај младата популација која знае да избере добро вино и оти од година во година се зголемува производството на флаширано вино.

Плановите на винаријата се да ги задржи постојаните купувачи и да се проширува на нови пазари. Како потенцијал го гледаат кинескиот пазар.

Винаријата „Сковин“ располага со 600 хектари лозови насади од кои 400 хектари во скопското подрачје и 200 хектари во тиквешкото виногорје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП