19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилна канцеларија на Катастарот во село Драчево

Мобилна канцеларија на Катастарот во село Драчево

Logo_Katastar111

Агенцијата за катастар од понеделник отвора мобилен шалтер во селото Драчево, Општина Кисела Вода, најавија денеска директорот на Агенцијата Славче Трпески и градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ.

Мобилните пунктови се отвораат по бројните барања на жителите на ова населено место поврзани со одредувањето на катастарските парцели и средувањето на имотно-правните односи пристигнати до Катастарот, но и до општина Кисела Вода.

– Службите на катастарот работат со добра динамика, а веруваме дека со отворањето на ваква мобилна канцеларија на Катастарот, која ќе функционира еден месец, ќе овозможиме решавање на што поголем број случаи. Секако, ова се однесува на барањата за кои постои законска можност да бидат решени, бидејќи честопати доаѓаат граѓани со нереални барања и очекувања иако знаат дека законско решение не е можно, изјави директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.

Градоначалникот на Општината истакна дека до нив пристигнуваат барања од жителите на село Драчево за кои тие, како локална самоуправа, немаат ингеренции да ги решаваат, но сепак како општина која го става граѓанинот на прво место, и овој пат реши да им излеземе во пресрет на овие жители.

– Отворените денови на катастарот и мобилните шалтери во село Драчево се одлична можност која треба да се искористи за да се најде решение кое ќе биде во интерес на сите, истакна градоначалничката Беличанец-Алексиќ.

На средбата со новинарите беше промовирана уште една новина која започна да функционира, електронското поврзување на општината Кисела Вода со службите на Катастарот. Првите трансакции преку електоронскиот систем се веќе извршени во текот на вчерашниот ден, информираше Трпески.

Општина Кисела Вода денеска додели и 50 нови решенија за легализација на дивоградбите, со што, бројот на решени предмети се искачи на 2443.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП