17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Инфлацијата мирува, растот стои

Кина: Инфлацијата мирува, растот стои

chinachinakinakina2258946466

Стапката на инфлација во Кина во јануари мируваше на нивото од 2,5 проценти, покажаа официјалните податоци во Пекинг.

Аналитичарите, сепак, предупредија дека инфлацијата укажува на слаби изгледи на економскиот раст на втората според големина светска економија.

Индексот на потрошувачките цени (ЦПИ), кој го пресметува кинескиот Завод за статистика, во јануари мируваше на нивото од декември, а економистите очекуваа дека ќе забави на 2,3 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Цените на храната минатиот месец пораснаа за 3,7 проценти, во време на прославата на меѓународната и кинеската нова година. ЦПИ, главниот индикатор за инфлацијата, се зголеми во 2013 година на 2,6 проценти, како и во претходната година, единствено потфрлувајќи во однос на целта на владата од 3,5 проценти. Инфлацијата во Кина значително забави од 2011 година, кога изнесуваше 5,4 проценти.

Индексот на потрошувачките цени, кој ги мери цените на производите по излезот од фабриките, е намален во јануари на 1,6 проценти, по падот од 1,4 проценти во декември.

Аналитичарите наведуваат дека бавната инфлација е знак дека домашната побарувачка сеуште е слаба, што е лоша вест за економијата, поради што владата треба да го намали нивото на целниот економски раст на седум од 7,5 проценти од 2013 година, за да се избегне потребата од нови стимулации и да се обезбеди простор за потребните стуктурни реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП