6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечките банки во 2013 забележале загуба од 3,2 милијарди евра

Словенечките банки во 2013 забележале загуба од 3,2 милијарди евра

bankaslosloslo1

Словенечките банки во 2013 година забележале 3,2 милијарди евра загуба, објави во четвртокот словенечката централна банка. Станува збор за прелиминарни податоци и резултати пред одбивање на даноците.

Загубите се значително поголеми во однос на 2012 година, кога изнесуваа 776 милиони и во однос на 2011 кога изнесуваа 436 милиони евра. Околу 40 проценти од регистрираните загуби се последица на резервации и отписи кои банките на крајот на годината мораа да ги направат на сметка на лошите кредити од минатите години.

Откако водечките банки на крајот на минатата година со големи износи ги докапитализираше државата, нивните загуби, како што се очекува, во оваа година би требало да бидат значително помали, но работењето со добивка во банкарскиот сектор во целина не се очекува.

Вкупниот биланс на словенечките банки во 2013 година е намален за 11,1 проценти, односно за 5,1 милијарди евра, од кои 2,9 милијарди евра се последица на вратените кредитни обврски во странски банки.

Кредитите на словенечките банки во реалниот сектор се намалени за 6,5 милијарди евра. Во најголем дел тоа е последица на фактот дека ризичните кредити на крајот на минатата година се префрлени во т.н. „лоша банка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП