КАРИЕРА

Што значи успехот за жените, а што за мажите?

womanvsman1

Успехот може да значи се, од вработување во голема компанија до мала, но сепак успехот е позитивно влијание врз некого или нешто. Дефиницијата на зборот успех зависи од тоа кој ја дефинира, а најновото истражување покажало дека мажите и жените различно го доживуваат успехот. Еве кои се тие клучни разлики во поглед на успехот кај жените и мажите.

1. Малку жени ја признале врската, бракот или децата во дефиницијата за успех

Тоа сигурно му пркоси на митот дека сите жени биолошки предодредени сакаат да бидат дома и да чуваат деца.

2. Од друга страна, поголема е веројатноста мажите да ги изедначат децата со успехот

Осумдесет и шест проценти од мажите ги признале своите деца во својата дефиниција за успех, во споредба со седумдесет и трите проценти од жените.

3. Многу малку луѓе се дистанцираат од работата на одморот

Педесет проценти од мажите и жените работат за време на викендот, најмалку еднаш месечно, а шеесет и два проценти работат и додека се на одмор.

4. Жените и мажите себеси различно се опишуваат

Мажите себеси се опишуваат како сигурни, амбициозни и ориентирани кон семејството, додека жените себеси се опишуваат како добри слушатели, лојални, ориентирани на деталите и среќата.

5. Жените се под поголем стрес поради пари отколку мажите

Истражувањата покажале дека жените се позагрижени околу отплатата на кредитот, плаќањето на сметките или добивање на поголема плата отколку мажите.