4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБриџстоун призна местење на цени

Бриџстоун призна местење на цени

japan-earns-bridgestone

Јапонскиот производител на гуми „Бриџстоун“ се изјасни како виновен за местењето на цената и сега мора да плати казна во рамките на истрагата на американското министерство за правда.

Во рамките на оваа истрага, 26 компании, меѓу кои и „Бриџстоун“, се изјасниле за виновни и се согласиле да признаат дека се виновни поради местењето на цената и понудата.

Тие прифатиле да платат повеќе од две милијарди долари, а тужби се подигнати против 28 луѓе.

Според тужбата во федералниот суд во Толедо во државата Охајо, „Бриџстоун“ учествувал во делењето на производните квоти, местењето на понудите и зголемувањето на цените на гумените делови кои ги продаваат на производителите на возила.

„Бриџстоун“ овие делови ги продавале на „Тојота“, „Нисан“, „Сузуки“ и „Исузу Моторс“.

Американското министерство за правда соопшти дека од „Бриџстоун“ прифатиле да соработуваат во истрагата која е започната во индустријата за авто делови, а договорот за признавање на вината треба да го одобри и судот. Улогата на „Бриџстоун“ во скандалот за прв пат стана видлива во октомври 2011-та, тогаш компанијата ја призна вината и плати 28 милиони долари поради местењето на цената на бродските цевки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП