3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го намали рејтингот на Хрватска

Fitch го намали рејтингот на Хрватска

Croatia-Flag-600x400

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ ја намали прогнозата за рејтингот на Хрватска од стабилно на негативно ниво, пренесува агенцијата Франс прес.

„Fitch“ во исто време го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ниво ББ+ за странски валути и БББ- за домашна валута.

Рејтинг агенцијата во своето образложение наведува дека фискалните резултати во Хрватска се дополнително влошени од септември минатата година, кога „Fitch“ го намали долгорочниот кредит на сегашното ниво ББ+.

Долготрајната рецесија и понатака ќе влијае на изгледите за фискалната консолидација и одржливоста на јавниот долг, а хрватската влада, според „Fitch“, покажува помалку волја да воведе построги буџетски ограничувања, во однос на некои други земји од Централна и Источна Европа.

Втората од трите најголеми светски рејтинг агенции „Standard & Poor’s“ на крајот на минатиот месец го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Хрватска за странска и домашна валута од ББ+ на ББ со стабилна прогноза.

Третата агенција „Moody’s“, го држи рејтингот на Хрватска за еден степен повеќе од „S&P“.

Сите три агенции рејтингот на земјата го држат на неинвестициско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП