2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк во Кипар против плановите за приватизација на државниот сектор

Штрајк во Кипар против плановите за приватизација на државниот сектор

Cyprus protest

Стотици вработени во државниот сектор во Кипар стапија денеска во штрајк во знак на протест против плановите на Владата за приватизација на компаниите, во кои работат.

Ова е прв голем масовен штрајк против условите содржани во меѓународната спасувачка програма за Кипар, потпишана пред околу една година.

Вработените во кипарскиот телеком и во кипарската пристанишна администрација прогласија 24-часовен штрајк, а вработените во компанијата за електрична енергија прогласија 12-часовен прекин на работата. Можни се времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Владата на Кипар ги одобри вчера патоказите за приватизација на трите корпорации. Согласно условите на спасувачката спогодба, потпишана со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд Кипар треба да собере 1,4 милијарди евра од приватизацијата до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП