Најголемото светско филмско студио не се наоѓа веќе во Соединетите Американски Држави, туку во Кина. Тоа е сега една од најголемите туристички атракции на оваа земја која годишно привлекува 11 милиони туристи.

,,Hengdian World Studios”, популарно наречен ,,Chinawood”, кој се наоѓа во провинцијата Жеџијанг, е на пет часа возење од Шангај.
Она што некогаш беше рурална област, за период од десет години се разви во уникатна урбана средина.
Ова место е богато со уникатни филмски сетови, снимено е преку илјада кинески ТВ-серии и играни филмови.
Благодарение на инвестициите на Кина во овој проект, се проби на второ место во филмската индустрија во светот, веднаш позади САД.
Минатата година на кино благајните наплатено е 3,6 милијарди долари, што е зголемување за 48 отсто во однос на 2012 година.