7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеочекуван пад на малопродажбата во САД

Неочекуван пад на малопродажбата во САД

amerikancite1

Малопродажбата во Америка во јануари забележала неочекуван пад, соопшти Министерството за трговија во Вашингтон.

Во соопштението се наведува дека малопродажбата минатиот месец е намалена за 0,4 проценти, главно поради падот на продажбата на автомобили, по падот од 0,1 проценти во декември минатата година, наведува Министерството за трговија, пренесува Ројтерс.

Економистите кои учествуваа во анкетата на Ројтерс, прогнозираа дека малопродажбата во јануари ќе мирува.

Не сметајќи го секторот за автомобили, бензин, градежни материјали и храна, таканаречената основна малопродажба е намалена за 0,3 проценти, по растот од 0,3 проценти во декември, додека економистите очекуваа раст од 0,2 проценти во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП