5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Goodyear поголем од очекуваниот, приходите намалени

Профитот на Goodyear поголем од очекуваниот, приходите намалени

goodyear9515

Третиот најголем производител на автомобилски гуми, американската компанија „Goodyear Tire&Rubber“ во четвртиот квартал од 2013 година оствари нето профит од 228 милиони долари, или 84 центи по акција, во споредба со нула профитот во истиот квартал претходната година.

Кога ќе се исклучат вонредните ставки, профитот по акција на „Goodyear“ изнесува 74 центи, што е повеќе во однос на очекувањата на аналитичарите кои во просек предвидуваа профит од 62 центи, пренесува францускиот весник „Капитал“.

Меѓутоа, поради неповолното влијание на валутните курсеви, приходите на групацијата, во споменатиот квартал, се намалиле за пет проценти, на 4,8 милијарди долари, додека експертите предвидуваа вредност од 5,0 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП