5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken го презема тронот од Kronenbourg

Heineken го презема тронот од Kronenbourg

heineken2362566666;kkokoko

Холандскиот производител на пиво „Heineken“ во 2013 година на францускиот пазар го презема водечкото место од локалната компанија „Kronenbourg“, гледано според пазарниот удел.

„Heineken“ го презема тронот како во вредност, така и во количина на продадено пиво, соопштија од компанијата „Heineken“.

Овој холандски бренд сега учествува со 18,4 проценти во вредноста на продажата и со 17,3 проценти во продадената количина на пиво, покажуваат податоците на барометарот „ИРИ“ кој ја мери продажбата во хипермаркетите и супермаркетите, каде се реализираат 75 проценти од вкупниот промет на овој пијалок во Франција, пренесува агенцијата АП.

„Kronenbourg“, филијалата на данскиот производител „Karlsberg“, со седиште во Стразбур има 16,2 проценти од францускиот пазар за пиво во количина и 12,5 проценти во вредност. Во изминатата година продажбата на пиво во Франција е намалена за три проценти, поради зголемувањето на даноците од 160 проценти, што беше реализирано на почетокот на годината.

Приходите на „Heineken“ во Франција во 2013 година се намалени за 10 проценти, на 1,61 милијарди евра, но 2014 година ќе биде подобра, оценуваат од компанијата. „Heineken“ во Франција вработува 4,000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП