8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДевет убијци на стартап бизнисите

Девет убијци на стартап бизнисите

Многу стартап бизниси не доживуваат успех, но важно е да се учи од грешките, така што следниот пат  вашиот проект ќе биде успешен.

Од таа причина, не очајувајте веднаш.

Во продолжение ви ги претставуваме најчестите причини за неуспехот на стартап бизнисите.

Претприемачите најчесто живеат во некој свој свет. Тие многу често се фокусираат на детали и во голема мера се фокусираат на својата визија, поради што ја губат перцепцијата на севкупната ситуација. Поточно таа перцепција е еден од главните фактори во потрага по капитал од фирмите кои го знаат вашиот целен пазар, ви даваат повратни информации и ја потврдуваат вашата стратегија.

Нивната идеја не е единственото решение за големите проблеми. Спротивно на старата изрека, „Се што може да се измисли е веќе измислено“, сепак вреди друга теорија која вели: „Со поголемата комплексност на светот се создаваат се повеќе проблеми кои треба да се решат“. Секогаш постои поголем проблем и подобро решение од постоечките.

Останување без пари. На секоj основач кој стартап бизнисот го води со сопствени средства, без надворешна помош, постојат десетици, можеби и стотици од нив кои остануваат без пари поради неколку причини. Најчести се одбивањето да се откажат од својот дел од „колачот“, неправилна употреба на средствата, лошо менаџирање на паричните текови, финансиски преамбициозен влез во бизнис, или комбинација од сите овие заедно.

Измислување концепти, а не комплетен производ. Идеите и пронајдоците се одлична работа, но луѓето и компаниите купуваат комплетни производи кои можат да ги користат.

Големи дупки во стратегијата. Некои недостатоци во стратегијата се очекувани. Меѓутоа, многу малите празнини, кои сопствениците на стартап бизнисите ги оставаат за да ги решат подоцна, завршуваат како големи проблеми поради кои стартап бизнисите пропаѓаат.

Недоволно квалитетен тим. Некои основачи едноставно не функционираат заедно. Други се распаѓаат штом почетната стратегија не успее, што е најчест случај. Многумина не постигнуваат успех, бидејќи не се подготвени за целодневна напорна работа, а сакаат набрзина да заработат пари. Секој добар инвеститор ќе ви каже дека една од главните работи во која што вложува е всушност тимот кој се наоѓа зад целиот проект.

Конкурентите со постојните решенија не се откажуваат лесно. Од највисока технологија до пенкало и хартија, постојат многу бариери кои го спречуваат нарушувањето на статусот кво на пазарот, бидејќи понекогаш големите компании неочекувано долго време имаат докажани решенија .

Пазарите се менуваат во неочекуван правец. Пазарите се сложен феномен со постојани промени, кои понекогаш е тешко да се предвидат. Од друга страна, многу претприемачи не размислуваат долгорочно.

Слушање погрешни совети од погрешни луѓе. Со порастот на популарноста на претприемништвото се зголемува и количината на информации, но, исто така, се намалува и нивниот квалитет, што значи дека многу претприемачи добиваат многу лоши совети од неквалификувани извори. Најлошо од се е непрепознавањето на точните совети, бидејќи најчесто се спротивни од оние што претходно ги слушнале. Тажно, но вистинито .

Можеби најважниот совет е следниов:  Доколку вашиот стартап бизнис пропадне, важно е да одвоите време за да го проанализирате бизнисот за да сфатите каде сте погрешиле. Тоа е единствениот начин да ги подобрите шансите за следниот потфат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП