25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБрендот Volkswagen патнички возила во месец јануари ги зголеми испораките за 4,8%...

Брендот Volkswagen патнички возила во месец јануари ги зголеми испораките за 4,8% или 515 700 испорачани возила

golfce

Volkswagen патнички возила ја започна оваа година со зголемен број на испорачани возила.

Компанијата испорача кон клиентите 515 700 возила во јануари 2014 година и забележа раст од 4.8% во споредба со јануари 2013 година кога беа испорачани 491 900.

“За прв пат во својата историја брендот Volkswagen патнички возила ја започна годината со повеќе од половина милион испорачани возила.

Тоа потврдува дека новата и еколошка гама на брендот ги задоволува сите критериуми на нашите клиенти низ целиот свет “, изјави во Волфсбург Кристијан Клинглер, член на управниот одбор за продажба и маркетинг на  групацијата Volkswagen и брендот Volkswagen патнички возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП