3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBankia: Како дел од реструктуирањето укинати 4.500 работни места

Bankia: Како дел од реструктуирањето укинати 4.500 работни места

bankia

Национализираната шпанска банка „Bankia“, врз основа на денешниот договор помеѓу синдикатот и најзината Управа, ќе укине 4.500 работни места, како дел од реструктуирањето.

Од вкупната бројка која беше предложена од Управата на банката, синдикатот спаси 400 лица, објавуваат медиумите.

Синдикатот истакна дека банката има дадено приоритет за  доброволно заминување и дека ќе им помогне на работниците кои ќе прифатат да работат во друг град.

Вработените пред продолжувањето на преговорите со дирекцијата се откажаа од штрајкот.

Во пролетта 2012 година „Bankia“ побара помош, со што ја принуди Шпанија да побара спас од европската заедница за целиот банкарски сектор.

Лошата финансиска ситуација на „Bankia“, која е основана во 2010 година, откри многу сериозни слабости вo шпанскиот банкарски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП