28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank повторно забележа профит

Commerzbank повторно забележа профит

Germany Earns Commerzbank

Втората по големина банка во Германија, „Commerzbank“, се врати на минатогодишниот пат на профит, но предупредува дека работењето и оваа година ќе биде тешко.

Банката во 2013-та остварила нето-профит од 78 милиони евра во однос на загубата од 47 милиони од претходната година.

Профитот од работењето, од друга страна, е намален на 735 милиони евра со 1.17 милијарди од 2012-та година, а приходите паднале за 5.2 проценти на 6.14 милијарди евра.

Извршниот директор на „Commerzbank“, Мартин Блесинг, ја опиша 2013-та година како година на транзиција, додавајќи дека банката остварила солидни резултати и на ниво на групација и на основното работење.

„Вложивме во раст и истовремено ги намаливме трошоците. Успеавме да ги оствариме целите за 2013-та“, вели Блесинг.

Банката одвоила 1.74 милијарди евра на име на резерви за заштита од лоши кредити, 5.2 проценти повеќе од претходната година, а вкупните трошоци од работењето се намалени за 3.3 проценти на 6,79 милијарди евра.

„Commerzbank“ исто така успеа да го зголеми нивото на висококвалитетен капитал во однос на вкупната актива на девет проценти, една година претходно од планираното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП