26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите во Грција без работа и без надеж

Младите во Грција без работа и без надеж

grcijanevrabotenost226

Стапката на невработеност во Грција во ноември достигна 28 проценти, покажуваат најновите официјални податоци.

Стапката е зголемена од 27,7 проценти во октомври, додека за лицата помлади од 25 години тој процент изнесува 61,4 проценти, се наведува во владиното соопштение. Младите лица во оваа земја се загрижени за својата иднина, тие сметаат дека ситуацијата нема наскоро да се поправи и дека за нив во брзо време нема надеж.

Сепак, други економски фактори укажуваат дека постојат знаци за економско закрепнување на земјата.

Оваа година се очекува слаб економски раст. Дефицитот е елиминиран, но остануваат каматите од добиената финансиска помош.

Пред Грција да ја добие првата транша од финансиската помош од 110 милијарди евра во мај 2012 година, стапката на невработеност изнесуваше околу 12 проценти, потсетува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП