6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд ги повикува американските компании

Оланд ги повикува американските компании

fransoaolandsad1

Претседателот на Франција Франсоа Оланд најави мерки за поддршка на стартап компаниите и изрази подготвеност да овозможи доаѓање на големи американски компании.

„Франција мора да ја земе во предвид динамиката на своите компании и да го поддржи духот на иницијативата“, изјави Оланд на состанокот во Силиконската долина со неколку сопственици на стартап компании.

Тој додаде дека веќе од март ќе бидат преземени мерки со кои за формирање на компании ќе бидат на раполагање кредити до милион евра.

Оланд во Силиконската долина се состана со претставниците на интернет корпорациите „Google“, „Facebook“, „Twitter“ и „Mozilla“, Ерик Шмит, Шерил Сандберг, Џек Дорси и Мичел Бејкер.

„Не се плашиме да ги доведеме нашите најдобри компании во Силиконската долина, ниту пак да ги доведеме талентите и инвеститорите во нашата земја“, изјави Оланд, првиот француски претседател по Франсоа Митеран, кој после 30 години ја посети Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП