28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупредува за економијата на Иран

ММФ предупредува за економијата на Иран

iranekonomija25

Економијата на Иран е соочена со големи структурни слабости, бидејќи интензивирањето на санкциите против земјата донесе нови предизвици за владата во Техеран, предупредува ММФ.

Во првиот извештај за иранската економија за последните три години, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) истакнува дека Иран веднаш мора да спроведе програма за реформи со цел да се спречи дополнително влошување на ситуацијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Комбинацијата на различни проблеми, вклучувајќи го и почетокот на реформирање на субвенциите, недоволното количество на финансирани социјални програми и интензивирањето на трговските и финансиските санкции, ја ослаби економијата на Иран“, се наведува во соопштението на ММФ.

Според оценките на оваа меѓународна институција, инфлацијата и невработеноста во Иран се на високо ниво, додека корпоративниот и банкарскиот сектор покажуваат знаци на слабост.

„Иран сега се наоѓа на раскрсница, а задачата за новата власт е веднаш да спроведе темелни реформи“, се вели во заклучокот на извештајот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП