4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank: Нема проблеми во продажбата на Hypo

Deutsche Bank: Нема проблеми во продажбата на Hypo

hipo adria

Продажбата на гранката на австриската банка, „Hypo Alpe Adria“ во југоисточна Европа напредува според планот.

Продажбата не е под влијание на дискусиите за решавање на проблемите на хроничните потреби на оваа банка да добие помош од државата.

„Актуелната постапка за продажба на подружниците во југоисточна Европа не е под влијание на споменатите дискусии“, вели Рајнер Полстер, шефот на „Deutsche Bank“ во Австрија, банката на која е доверена организацијата на продажбата.

Според неговите зборови, голем број на клиенти изразија интерес за купување на целата мрежа на филијали, како и на поединечни банки.

„На добар пат сме, имаме голем број на заинтересирани клиенти“, додаде Полстер.

Австриската банка својата мрежа во југоисточна Европа ја смета за првокласна сопственост. Оваа мрежа ја сочинуваат шест банки и три лизинг куќи во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Во средината на минатата година вкупниот имот на споменатите подружници изнесуваше 9.6 милијарди евра, а кредитното портфолио 7.5 милијарди евра, додека уделот во вкупните лоши кредити беше 16.7 проценти. Мрежата на филијали во првото полугодие од 2013-та имаше загуба од 97 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП