20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Credit Suisse во 2012 намалeна за 24 проценти

Добивката на Credit Suisse во 2012 намалeна за 24 проценти

credit1

Швајцарскиот банкарски гигант „Credit Suisse“ извести дека неговата нето добивката во минатата година сe намалила за 24 проценти, на 1,4 милијарди швајцарски франци (1,2 милијарди евра), и покрај зголемениот профит на оделот за инвестициско банкарство.

Аналитичарите проценија нето добивка од 1,7 милијарди франци.

Во последниот квартал од 2012 година банката забележала нето добивка од 397 милиони франци, во споредба со загубата од 637 милиони франци во истиот период претходната година.

Оделот за приватно банкарство и управување со имот во 2012 година оствари оперативен профит од 3,7 милијарди франци, во споредба со 2,9 милијарди франци кои ги забележа во истиот период претходната година.

„2012 година беше година на транзицијата“, изјави извршниот директор Брејди Доуган.

„Ние превземавме значајни чекори, со цел да го прилагодиме работењето и нашата организација на новите регулаторни барања, променетите барања на клиентите и моменталната пазарна средина“, додаде тој.

Тие мерки ќе донесат подобрување во 2013 година, нагласи Доуган.

Одборот на банката препорача да се потврди најавената годишна дивиденда од 75 центи по акција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП