25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВинер Осигурување забележа рекордни приходи во јануари

Винер Осигурување забележа рекордни приходи во јануари

vinertrt

Винер – Виена Иншуренс Груп објави дека во месец јануари остварила бруто полисирана премија од дури 140 милиони денари, со што го забележала убедливо најдобриот почеток на годината во историјата на компанијата. Од компанијата уште информираат дека остварената премија е речиси двојно поголема од истиот период минатата година.

Според Генералниот директор на Винер Осигурување, д-р Зоран Нарашанов, остварениот рекорден резултат се должи на целосната ориентираност на деловните процеси на компанијата кон задоволството на клиентите.

„Нашата програма `(О)Сигурен во Винер`, која се заснова на три основни постулати  –  беспрекорно брзо решавање на штетите, фер цена за секого и пријатни изненадувања за нашите клиенти беше одлично прифатена од граѓаните и компаниите, кои во сè поголем број ни ја даваат довербата да се грижиме за нивната сигурност.“ – изјави по овој повод г-дин Нарашанов.

Инаку, според резултатите од осигурителниот пазар во Македонија за минатата година, Виена Иншуренс Груп ја заврши годината како убедлив лидер, со бруто полисирана премија од 1 милијарда и 414 милиони денари. Групацијата, која важи за водечки осигурувач на просторот на Централна и Источна Европа, на домашниот пазар е присутна преку Винер Осигурување од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП