3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСенатот на САД и одобри на Владата да зема кредити до март...

Сенатот на САД и одобри на Владата да зема кредити до март следната година

senat-ab

Сенатот на САД усвои закон, со кој на федералната Влада и се овозможува да зема кредити уште 13 месеци, до март следната година.

Демократите, кои доминираат во Горниот дом на американскиот Конгрес, го поддржаа законот со 55 гласа „за“, а 43 сенатори се изјаснија „против“.

Законот вчера беше одобрен и од Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинство се републиканците.

Со ова Конгресот го исполни барањето на американскиот претседател Барак Обама да и дозволи на Владата да продолжи да зема кредити без никакви услови.

Со мерката и се дозволува на федералната Влада да зема кредити неограничено до 15 март. Со тоа привремено се решава ризикот од банкрот на САД, земја со најголема економија во светот.

Технички лимитот на државниот долг на САД е фиксиран во моментов на 17 билиони и 211 милијарди долари. Законот ќе важи до 15 март 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП