29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама им ги зголеми минималните плати на стотици илјади Американци

Обама им ги зголеми минималните плати на стотици илјади Американци

obama plati

Претседателот на САД, Барак Обама им ги зголеми за 25 отсто минималните плати на стотици илјади Американци и побара од Конгресот да го направи истото за сите работници во земјата.

Обама потпиша указ за зголемување на минималната плата во државните претпријатија од 1 јануари 2015 година. Зголемувањето изнесува 10,10 долари на час, што е речиси за три долари повеќе од сегашните 7,25 долари на час, кои се замрзнати уште од 2009 година.

Претходно, американскиот министер за труд Том Перес изјави дека зголемувањето на минималниот личен доход од 10,10 долари е можно да се оствари во рамки на сегашниот буџет.

Меѓутоа, само Претставничкиот дом има уставно право да гласа нови трошоци, а пратениците од Републиканската партија, кои се мнозинство, се изјаснија против зголемувањето на минималната плата, бидејќи според нив тоа ќе го запре економскиот раст.

Обама не се согласува со мислењето на републиканците, нагласувајќи дека ваквиот потег ќе им помогне на милиони Американци да излезат од сиромаштијата.

„Оваа мерка нема да се одрази негативно на економијата, туку напротив ќе ја стимулира“, нагласи американскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП