28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите се помалку штедат за старост

Французите се помалку штедат за старост

francijapeople1

Иако се загрижени за својата пензија, граѓаните на Франција денес издвојуваат помалку средства за старост отколку пред четири години, покажуваат резултатите на компанијата ЦСА.

Пензијата сеуште е прва социјална грижа во Франција, и покрај реформите во пензискиот систем во минатата година, повеќето граѓани (67 проценти), сеуште се загрижени за финансирањето на пензиите. Тоа особено се однесува на службениците, работниците и младите лица.

Парадоксално, Французите поради економската криза, сепак, се помалку штедат за старост.

Само половина од анкетираните (53 проценти) на возраст од 35 до 49 години штедат за пензија, што е за осум проценти помалку во однос на резултатите од анкетата во 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП