4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPrada најмногу заработила во Азија

Prada најмногу заработила во Азија

Prada-store-Sloane-Street-London

Италијанската луксузна модна компанија „Prada“ во фискалната 2013-2014 година оствари раст на профитот од девет проценти, на 3,85 милијарди евра.

Растот на профитот е резултат, пред се, на продажбата во регионите на Азија и Пацификот и Северна Америка.

Извршниот директор на компанијата Патрицио Бертели наведува дека изминатата фискална година, која завршува во јануари, е четвртата последователна година во која „Prada“ бележи силен раст, пренесува агенцијата Франс прес.

Профитот во Азија и Северна Америка е зголемен за 11 проценти, а во Европа за пет проценти, што се смета за добар резултат, имајќи ги во предвид економските тешкотии.

Заработката на Блискиот Исток, исто така, е зголемена, достигнувајќи 90 милиони евра на ниво на цела година. Најслабите резултати, со раст на профитот од само еден процент, компанијата ги забележала во Јапонија, поради дефлација на јенот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП