19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалено производството во еврозоната

Намалено производството во еврозоната

industriskoproizvodstvoevrozonata1

Индустриското производство во еврозоната во декември минатата година е намалено на месечно ниво за 0,7 проценти, што е над очекуваните 0,3 проценти.

Во ноември во еврозоната индустриското производство е зголемено за 1,6 проценти, соопшти Европскиот завод за статистика Еуростат.

Најголемиот пад на индустриското производство во рамките на еврозоната е забележан во декември 2013 година во Естонија – 5,7 проценти и во Холандија – 2,6 проценти.

Раст на индустриското производство во истиот период е забележан во Словенија – 2,7 проценти, Грција – 2,6 проценти и Португалија – 0,7 проценти.

Во Европската унија во декември минатата година индустриското производство е намалено за 0,7 проценти по ноемврискиот раст од 1,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП