6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW продолжува со одличните продажни резултати

BMW продолжува со одличните продажни резултати

bmw pro

По рекордната продажба во 2013-та година, германскиот производител на луксузни возила бележи раст и во почетокот на оваа година.

Моделите на баварскиот производител „BMW“ кои минатата година забележаа рекордна продажба, продолжуваат со истото темпо и оваа година, па во јануари беше остварен раст од 7.8 проценти со продадени 132.892 aвтомобили.

Моделите на „BMW Seriеѕ 5“ од луксузната класа во јануари забележаа раст во продажбата од 14 проценти на 27.947 единици. Минатиот месец продадени се 22.451 примероци на „BMW“ од моделот „Seriеѕ 3“ или за 4.6 проценти повеќе отколку во декември 2013-та година.

Во Кина во јануари за 22 проценти порасна продажбата на „BMW“ автомобилите, во САД за три проценти, а во Европа за 1.4 отсто.

Групацијата „BMW“ минатата година продаде 1.963.798 возила од марките „BMW“, „Мini“ и „Rolls Royce“, што е годишен раст од 6.4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП