27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовата кредитна линија на ЕБОР презентирана пред локалните власти

Новата кредитна линија на ЕБОР презентирана пред локалните власти

evro pari

Македонските приватни компании, општини и јавни комунални претпријатија можат да ја користат втората кредитна линија на Европската банка за обнова и развој ВЕБСЕДФ 2 за да ги намалат трошоците за енергија.

Заедно со шест земји од регионот тие имаат пристап до Фонд од 75 милиони евра, а единствен услов е со инвестицијата да се заштедат најмалку 30 отсто енергија и да се намали за петина емисијата на јаглероден диоксид.

Во Македонија преку Охридска банка во моментов достапни се шест милиони евра, а до крајот на месецов на располагање ќе бидат и дополнителни три милиони евра.

Максимален износ на поединечен кредит за фирмите е до два милиона евра, а за општините до 2,5 милиони. Заедно со кредитот ЕБРД доделува и грантови кои за компаниите се движат од 5 до 10 проценти од износот, а за локалните самоуправи од 10 до 15 отсто.

Со првата кредитна линија преку ЕБРД во земјава беа поддржани 38 вакви проекти вредни 12 милиони евра.

„Ефектите се огледаат во намалување на емисијата на јаглероден диоксид за 166.500 тони на годишно ниво или тоа значи како да се надвор од улиците приближно 92.500 возила годишно. Со тоа се заштедува енергија од 500 гигават часови или 6 отсто од вкупно ангажираната енергија во земјава“, нагласи Ловре Ристевски, консултант во ЕБРД, презентирајќи ја кредитната линија пред претставниците на локалните власти во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП