28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle инвестира во нега на кожата

Nestle инвестира во нега на кожата

M

Управниот одбор на компанијата „Nestle“, ја одобри продажбата на акциите во „Loreal“од кои дел од средствата ќе ги искористи за купување на 50 проценти од уделот во фармацевтската компанија специјализирана за медицински третмани на кожата „Galderma“.

„Nestle“ така ќе стане стопроцентен сопственик на оваа компанија, коjа ќе формира фондација за новиот „Nestle Skin Health“, соопштија од швајцарската компанија.

Во согласност со оваа стратегија, „Nestle“ одобри стратешка трансакција со која „Loreal“ ќе откупи осум проценти од своите акции вредни 48,5 милиони евра од водечката светска прехрамбена компанија.

Претседателот на „Nestle“ Питер Брабек Летмате, изјави дека компанијата со овој потег ќе продолжи со стратешкиот равој во областа на исхраната, здравјето и здравите животни навики со проширување на активностите на полето на медицинската нега на кожата.

„Galderma“ ќе биде компанија ќерка, во целосна сопственост на „Nestle“, ќе има сопствен управен одбор и седиште во Лозана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП