2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин сигурен во забрзаниот раст

Берлин сигурен во забрзаниот раст

germanijaberlingerber

Економскиот раст во Германија оваа и наредната година значително ќе забрза, пред се благодарение на домашната побарувачка, очекува владата во Берлин, уште еднаш офрлајќи ги критиките поради високиот трговски суфицит.

Германската економија е на патот кон стабилно и обемно закрепнување. Поттикнат од домашната побарувачка, бруто домашниот производ би требало да напредува за 1,8 проценти и за два проценти во наредната година, изјави министерот за економија Сигмар Габриел, пренесува агенцијта Франс прес.

Најголемата европска економија минатата година евидентираше економски раст од само 0,4 проценти.

Министерот ги отфрли неодамнешните критики дека Германија остварува успех на штета на слабите членки на еврозоната.

Критичарите сметаат дека Германија треба да ја поттикне домашната побарувачка и така да им помогне на партнерите од ЕУ, охрабрувајќи го нивниот извозно ориентиран раст, наместо да се потпира на сопствениот извоз.

Берлин таквите тврдења упорно ги отфрла, наведувајќи дека високиот трговски суфицит ја отсликува конкурентноста на германските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП