29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани главна цел од планираните засилувања на Манчестер Јунајтед

Кавани главна цел од планираните засилувања на Манчестер Јунајтед

edinson-cavani-psg

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Едисон Кавани е приоритет на листата засилувања кои ги планира англискиот шампион за летниот преоден рок.

Како што пишуваат англиските медиуми раководството на клубот од „Олд Трафорд“ на својот менаџер Дејвид Мојс ќе му обезбеди 120 милиони фунти за составување на тим за следната сезона кој ќе биде сериозен конкурент за освојување на Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Според овие тврдења прв на листата на желби на Мојс е Кавани кој моментално е член на ПСЖ.

Уругваецот во Париз дојде минатото лето од Наполи. Во тандем со Златан Ибрахимовиќ игра одлично постигнувајќи 20 голови на 25 натпревари.

Манчестер Јунајтед се надева на успешен трансфер по изјавата на Кавани дека не е воодушевен од Франција идека е можно негово заминување од Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП