4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто да правите кога сте поспани на работа?

Што да правите кога сте поспани на работа?

pospanirabota23

Сите ние имаме лоши денови на работа. Некогаш сме многу уморни, а некогаш едноставно не ни се работи ништо. Еве неколку забавни начини кои можете да ги направите кога ќе ви се приспие на работа.

1. Посетете го Фејсбук

Невозможно е да заспиете ако сте на Фејсбук, особено не ако се допишувате со некој или ги гледате новите слики на вашиот пријател.

2. Зборувајте со некој згоден колега

Сите имаат барем еден зголен колега на работното место. Затоа, кога ќе ви се приспие, започнете да зборувате со него, веднаш ќе почувствувте како се будите.

3. Каснете чоколадо

Доволно е само малку чоколадо, само еден гриз или два, да ве разбуди и да ви ја даде неопходната енергија.

4. Озборувајте малку

Изразот озборување не звучи убаво, но е нешто што ќе ве разбуди и расположи. Одете на пауза со колегите и озборувајте малку за лицата кои работат со вас, но внимавајте пред кого и што зборувате, за да не дојде до тоа кога ќе се разбудите да ве пречека лутиот озборуван колега.

5. Одете на кратка прошетка

Не само што е здраво да се движите, тоа ќе ви помогне и да се разбудите.

6. Одиграјте кратка игра

Одиграјте некоја кратка игра на компјутер, тоа ќе ви донесе возбуда а со самото тоа и будење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП