ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина се расте двоцифрено

Во Кина се расте двоцифрено

china269

Кинескиот трговски суфицит порасна за 14 проценти во јануари во однос на истиот месец минатата година на 31,86 милијарди долари, покажуваат резултатите на кинеската Царинска управа.

Извозот на втората по големина светска економија е зголемен за 10,6 проценти минатиот месец, на 207,13 милијарди долари, а увозот е зголемен за 10 проценти, на 175,27 милијарди долари.

Овие резултати кои се подобри од очекуваните, предизвикуваат одреден скептицизам меѓу аналитичарите кои очекуваа полоши податоци поради одбележувањето на кинеската Лунарна нова година.

Некои аналитичари предупредуваат дека податоците можеби се „надуени“ со лажни трансакции, но сепак сметаат дека тоа е добар знак за економскиот раст, и дека со тоа се намалуваат стравувањата од забавувањето на економскиот раст на Кина.

Според просечната прогноза на единаесет економисти анкетирани од американскиот весник „Wall Street Journal“, во јануари бил очекуван раст на кинескиот извоз од само 0,1 проценти.

Кинескиот трговски суфицит за цела 2013 година се зголеми за 12,8 проценти и изнесува околу 259 милијарди долари, што е највисокото ниво од 2008 година кога се  појави светската финансиска криза.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП