1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Намалувањето на дефицитот во оваа година е невозможна мисија

Франција: Намалувањето на дефицитот во оваа година е невозможна мисија

francija45poi9

Државната ревизорска институција на Франција смета дека таа земја тешко може да ги исполни преземените обврски во поглед на намалување на буџетскиот дефицит за оваа година.

Во извештајот на оваа институција се наведува дека за остварување на целта за намалување на буџетскиот дефицит за 2014 година на 4,1 проценти од БДП недостасуваат околу три до шест милијарди евра, пренесува агенцијата АП.

Годишниот извештај на Државната ревизорска институција ја загрижи француската влада која се обврза дека буџетскиот дефицит за оваа година ќе го намали на 4,1 проценти, а наредната на три проценти од БДП.

Во извештајот се додава дека без оглед на предвиденото зголемување на даноците, просторот за намалување на буџетскиот дефицит ќе биде ограничен. Јавната потрошувачка во изминатата година, како што се наведува, е зголемена за 1,7 проценти наместо предвидените 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП