17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWarner Bros ја купи Eyeworks

Warner Bros ја купи Eyeworks

wbwarnerbros

Американското студио „Warner Bros“ ја купи холандската продуцентска куќа „Eyeworks“ во рамките на настојувањата да го прошири своето работење.

„Телевизиската групација „Warner Bros“ постигна договор со „Eyeworks“ за купување на сите нејзини подружници, освен во САД“, се наведува во заедничкото соопштение на двете компании, пренесува агенцијата Франс прес.

Од компанијата „Eyeworks“, основана во 2001 година, излегоа неколку хитови кои се стекнаа со меѓународна слава, како што се реалните шоу  „Obese“, „Reality Queens of the Jungle“ и „Celebrity Splash“.

Компаниите не сакаа да ја објават вредноста на трансакцијата, но холандските медиуми шпекулираат дека „Warner Bros“ понудил околу 200 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП