26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксузот се шири како епидемија

Луксузот се шири како епидемија

luxtashna1

Бројот на потрошувачи на луксузна стока во изминатите 20 години е за три пати зголемен и сега, според оценките на агенцијата „B&P“, тој изнесува 330 милиони на глобално ниво.

Во истражувањето се наведува дека во 1995 година бројот на конзументи на луксузни производи не преминувал 90 милиони, пренесува АФП. Се оценува дека до 2020 година бројот на потрошувачки на лукусзна стока ќе достигне 400 милиони, а во 2030 половина милијарда.

Пазарите на луксузна стока, кои секоја година во просек добиваат 10 милиони нови конзументи, минатата година остварија приход од 217 милијарди евра.

Растечкиот број на потрошувачи на овој пазар е поттикнат од 2009, првенствено од се побројната средна класа во Кина.

Се проценува дека уделот на Кинезите во вкупниот удел на потрошувачи на светскиот пазар за луксузна стока е 14 проценти или 50 милиони кои остваруваат 28 проценти од глобалната потрошувачка во светот во овој сегмент.

Бројот на клиенти на луксузни производи кои доаѓаат од Западна Европа изнесува околу 80 милиони со удел од 24 проценти во вкупниот број на потрошувачи.

Американските потрошувачи на луксузна стока кои минатата година беа 90 милиони имаат удел од 27 проценти, а 35 милиони од јапонските клиенти имаат удел од девет проценти.

Од Источна Европа доаѓаат седум проценти од клиентите или 20 милиони купувачи, од Јужна Америка шест проценти, а од Блискиот Исток три проценти или 10 милиони потрошувачи.

Во истражувањето се оценува дека наредната нова база на клиенти ќе биде од Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП